Спортинг ги објави сите детали за договорот на Фернандеш: Еве колку ќе плати Манчестер Јунајтед


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Од Спортинг Лисабон ги објавија сите детали за трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед.

Трансферот го објавија двата тима, а за одличниот играч од средниот ред Манчестер Јунајтед ќе плати 55 милиони евра плус 25 милиони евра изразени во бонуси.

Спортинг ќе добие пет милиони евра врз основа на настапите на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед, дополнителни пет милиони евра доколку клубот се пласира во Лигата на шампионите, а другите 15 милиони евра би биле доколку играчот добие индивидуални награди како Златната топка, Играч на годината во Премиер лигата и слично…