Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И Сакраменто кингс се збогуваа со Коби Брајант, кој почина во пад на хеликоптер заедно со неговата ќерка Џиана Марија и уште седум луѓе.
Пред почетокот на првиот меч по трагедијата во домот на Сакраменто емотивно видео беше емитувано за Коби, кад ешто меѓу другото зборуваа Владе Дивац и Пеџа Стојаковиќ, кои водеа жестоки дуели со него и Лос Анџелес Лејкерс на почетокот на 21 век.
„Без текст сум. Уште не можам да поверувам што се случи. Тој замина премногу млад, како и неговата ќерка. Не можам да поверувам“, кажа Дивац.
Од друга страна Пеџа Стојаковиќ зборуваше со голема почит кон Американецот.
„Тој беше неверојатен натпреварувач. Некој кој беше полн со самодоверба. Се што правеше беше на највисоко ниво и затоа беше најдобар“, кажа Стојаковиќ.