Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид славеше со 1-0 во градското дерби против Атлетико Мадрид, а решавачкиот погодок го постигна Карим Бензема.
Двете измени кои ги направи тренерот Зинедин Зидан на стартот на второто полувреме му помогнаа на Реал да притисне кон голот на Атлетико и да го постигне победничкиот гол.
Зидан во соблекувалната ги остави Тони Крос и Иско, а во игра ги внесе Винисиус Жуниор и Лукас Васкез.
Одличен во игра беше Винисиус, а по мечот на новинарите им откри што му кажал Зидан на полувреме.
„Влегуваш во игра, оди и биди среќен. Играј како што играше на минатиот меч“, открива Винисиус.