Познат е по правење глупости, а сега тврди дека постојано вечера со мајка му и оди да спие пред 23 часот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу фудбалери се познати по некои глупави потези, но дефинитивно по глупостите и контроверзните ситуации е познат Марио Балотели.

Балотели во минатото правеше многу глупости поради кои беше во центар на внимание. Никој не негира дека има квалитет, но поради карактерот никогаш не блесна во целосен сјај.

„Кога се запали станот во Манчестер воопшто не бев. Многу приказни во медиумите се измислени, јас не бев виновен за голем дел од работите. Сега четири до шест часа поминувам на теренот, секогаш вечерам кај мајка ми, а потоа одам дома, играм на Плејстејшн и одам да спијам“, вели Балотели.