Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал мадрид, Зинедин Зидан по победата против Осасуна минатиот викенд се запиша уште еднаш во историјата на „кралскиот клуб“.
За Зидан ова беше 88. триумф во Ла Лига како тренер на „кралевите“, па така се проби на третата позиција на вечната листа на клубот.
Така го прескокна Жозе Мурињо, кој за три години оствари 87 победи во шпанскиот шампионат, а пред него се само уште двајца тренери, меѓу кои и Мигел Муноз, кој има 257 триумфи.
Реал Мадрид во моментов е лидер во Ла Лига со три бодови повеќе од второпласираната Барселона, а Зидан досега со „кралевите“ освои една титула во шпанското првенство и три во Лигата на шампиони.