Српски голман ограбен во Франција: Крадци влегле во куќата, сопругата почнала да вреска...

Српскиот голман Предраг Рајковиќ, кој го носи дресот на Ремс, доживеал вистинска драма додека со семејството бил во домот за време на мечот меѓу неговиот тим и Стразбур.

Крадците влегле во неговата куќа затоа што мислеле дека цело семејство било на натпреварот, но тие се излажале. Неговата сопруга ги видела и се исплашила, по што почнала да вреска, но разбојниците успеале да украдат накит и часовници.

„Вистина е дека тоа се случи, ограбени сме. Полицијата вели дека работи на случајот и јас верувам дека ќе ги пронајдат крадците“, кажа Ана, сопругата на Рајковиќ.

Бебето било заедно со нив во домот, а вредноста на накитот, кој бил украден изнесува околу 100.000 евра.