Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агенцијата за Млади и спорт (АМС) ги додели ваучерите на спортските федерации, клубови и спористи, а најмногу пари доби спортското друштво Вардар, кој како ракометен шампион доби 21,8 милиони денари.
Фудбалскиот тим на Вардар доби 10,5 милиони евра, кошаркарите заработија 6,9 милиони, а на одбојкарите им беа доделени 15,8 милиони денари.
Зад Вардар е кошаркарскиот шампион МЗТ, кој доби 15,8 милиони денари за првиот и уште 4,9 милиони денари за вториот тим.
На листата следат Е. Пелистер со 17,9 милиони денари, по нив следат КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони, а КК Куманово и РК Пролет добија по 11,9 милиони денари.
Кај федерациите најмногу пари доби ракометната, односно 22,835 милиони, па одбојкарската (18,688 милиони), кошаркарската (16,615 милиони), додека фудбалската не доби ниту евро.
Сите ваучери кои беа поделени на клубовите, федерациите и спортистите може да ги погледнете ТУКА.