Еден од играчите на Ливерпул не е сигурен дали ќе остане во клубот следната сезона


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ливерпул игра перфектно оваа сезона и се наоѓа на чекор до остварување на најголемиот сон на навивачите, освојување на Премиер лигата.

„Црвените“ 30 години не ја имаат освоено титулата во Англија, а составот кој го има Клоп  на располагање буквално е монструозен и гази се пред себе.

Еден играч кој не добива многу шанса е хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен кој најави дека би можел да си оди од клубот следната сезона.

„Секако сакам да сум во тим кој освојува многу трофеи. Сметам и чувствувам дека имам уште многу да дадам годиниве што доаѓаат. Имам 30 години и добри пет години пред мене кои не мислам да ги фрлам туку така. Ако му требам на клубот, јас сум тука. Но, никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи на лето и дали ќе останам“ –изјави Ловрен.