Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот интернационалец Душко Тошиќ нема клуб во кој може да тренира бидејќи во Кина се на принудна пауза поради корона вирусот, па на клубовите им е оневозможено да играат или тренираат.
Неговата екипа Guangzhou R&F му дозволи да отпатува во Белград и овие денови да тренира со Црвена Ѕвезда.
Тошиќ две сезони од својата кариера има поминато како член на Ѕвезда и порача дека му е големо задоволство што се врати на Маракана.
„Ѕвезда е мој клуб.Логично е кога веќе имам принудна пауза, да продолжам да тренирам баш овде во Ѕвезда. Среќен сум што не постоеше дилема да работам со црвено белите. Секако, кога паузата ќе заврши ќе се вратам во Гвангжу каде што ми дозволија да работам овде. Ќе се потрудам покрај работата и добрата атмосфера да и помогнам на Ѕвезда на тренинзите“, изјави Тошиќ.
На сајтот на некогашниот првак на Европа се наведе дека тренерот Дејан Станковиќ без никаков проблем го прифатил Тошиќ на тренинзите и дека тој ќе остане се додека не продолжи првенството во Кина.