Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спектакуларно и многу емотивно младиот Бразилец се претстави на „Сантијаго Бернабеу“. Реиние денеска беше претставен како нов фудбалер на Реал Мадрид, каде што пристигнува од Фламенго.
Во друштво на сестрите и родителите стигна на претставувањето, иако веќе некое време се наоѓа во Мадрид.
„Мене ова ми е многу среќен ден и сега го исполнувам сонот од детството. Му благодарам на моето семејство. Сакам да бидам дел од историјата на клубот“, порача фудбалерот.
Реал Мадрид го плати 30 милиони евра плус бонуси, а тој потпиша договор на шест ипол години. Претседателот на Реал, Флорентино Перез кажа дека со негово ангажирање јасно покажале како ќе изгледа клубот во иднина.
Real Madrid’s €35 million January signing Reinier Jesus has been unveiled at the Santiago Bernabeu today ? pic.twitter.com/QyAT9uSLIh
— Goal (@goal) February 18, 2020