Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Борусија Дортмунд славеше голема победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ со 2:1.
Творец на победата на „милионерите“ беше феноменалниот Ерлинг Халанд кој ги постигна двата погодоци за домашниот тим.
Норвежанецот го отвори резултатот во 69. минута, а шест минути подоцна ПСЖ израмни со голот на Нејмар кој доби одлична топка од Мбапе.
Сепак, кратко траеше радоста на ПСЖ затоа што по само две минути Халанд повторно го најде патот до мрежата со одмерен удар од дистанца.
Со овие два гола Халанд стигна до десет погодоци во Лигата на шампионите оваа сезона. Во групната фаза 19 годишниот фудбалер постигна осум голови во дресот на Ред Бул Салцбург.