Венгер подготвува револуционерна промена на правилото за офсајд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсен Венгер, шефот на ФИФА за глобален развој, подготвува голема промена на правилата за недозволена ситуација.

Досегашното правило беше дека фудбалерот е во офсајд, ако во моментот кога ќе биде испратена топката, дел од неговото тело е зад противничкиот фудбалер.

Венгер сака да го смени досегашното правило, зашто головите се поништуваат поради милиметри. Неговата деја е офсајд да не се суди воопшто ако само еден дел од телото, со кој може да се постигне гол е во иста линија со последниот фудбалер во одбрана.

„Луѓето не се задоволни со актуелното правило. Имате офсајд поради неколку сантиметри, гол се поништува ако носот ви е во офсајд. Време е да се промени ова“, порача Венгер.