Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тотенхем беше поразен од Лајпциг во првиот натпревар во Лигата на шампионите, а во сабота ги очекува уште еден важен натпревар.
Избраниците на Мурињо ќе се сретнат со Челси кој ќе се обиде да се искупи на фановите за поразот од Манчестер Јунајтед.
Натпреварот се игра како дел од 27-то коло од Премиер лигата. На Мурињо не му се допаѓа тешкиот распоред на неговиот тим, па имаше што да каже.
“Фудбалерите на Челзи го следеа нашиот натпревар во Лига на шампионите во пренос и пиеја газирана вода со лимон и уживаа во фудбалот. Игравме, а веќе во сабота имаме нов натпревар”, изјави Мурињо.
Ова е прв натпревар во сабота од 27 коло.
“Ви благодарам за распоредот. Не можеме да спиеме како што треба. Стануваме во 7:30 поради тој натпревар, а можеби ќе спиеме до 11”.
Тотенхем во моментов се наоѓа на петтото место во Премиер лигата со 40 бода, додека Челси има повеќе бодови.