На Солскјер сè му пречи: Виновна за ремито на Јунајтед била – топката


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа беа одиграни првите натпревари од нокаут-фазата во Лига Европа, а еден од дуелите кои привлекоа големо внимание беше тој меѓу Клуб Бриж и Манчестер јунајтед.

По мечот тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер имаше многу замерки на различни работи. Не му се допадна ниту судењето, ниту условите за игра, а му пречела и топката.

„Немавме концентрација, но условите на теренот и топката ни ги направија работите уште потешки на натпреварот. Топката е едноставно различна и тешко се игра со неа. Може да земете една и да пробате…“, вели Солскјер.

Секако, топката е иста за двете екипи на теренот, па Солскјер реши потоа да ја исправи својата изјава, но многумина сметаат дека само барал изговор за ремито.