Напнато било во соблекувалната на Милан: Ибра му држел лекција на помлад колега!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


По мечот против Торино, во кој Милан славеше со 1-0, Златан Ибрахимовиќ во соблекувалната почнал караница.

„Тутоспорт“ објави дека Ибрахимовиќ му замерил на соиграчот Лукаш Пакета дека не се труди доволно на натпреварите.

Ибра во Милан беше ангажиран за да донесе некаков ред, а било јасно дека работите ќе се поправат само неколку недели по враќањето на Швеѓанецот.

Сепак, Бразилецот не е на потребното ниво, па Ибрахимовиќ му одржал лекција, а Пакета само ја спуштил главата и ги прифатил критиките на поискусниот колега.

Во Милан се надеваат дека Ибра ќе има доволно големо влијание за да го крене клубот на табелата, а според резултатите во 2020 година, работите одат во позитивен правец.