Реал Мадрид на лето тргнува по потписот на ѕвезда на Сити


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид планира да се засили од Манчестер сити наредното лето, а сака да ја искористи тешката ситуација во премиерлигашот, кој доби двегодишна суспензија од Лигата на шампиони.

Англиските медиуми постојано пишуваат дека многу ѕвезди на „граѓаните“ ќе го напуштат клубот, а Реал Мадрид сакада го купи Кевин Де Брајне.

„Кралевите“ ја следат ситуацијата во Манчестер, па управата планира да му ја исполни желбата на тренерот Зинедин Зидан и да го купи Де Брајне.

Како што беше претходно објавено, Еден Азар, наводно преговарал со Де Брајне, па може да се очекува негов трансфер на лето, а засега не се открива колку пари ќе плати Реал Мадрид.