Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Герет Бејл беше на праг да го напушти Реал Мадрид, но во последен час клубот го запре неговото заминување во Кина.
Репрезентативецот на Велс остана во Мадрид, но имаше една од најлошите сезони, па поради тоа се огласи тренерот на Џиангсу од Кина и откри дека Бејл минатото лето бил на праг да потпише со нив.
„Трансферот беше пред реализација. Клубот се договори со неговиот агент, постигнавме договор и со Реал, но не знам што се случи. Изгубија неколку пријателски натпревари и Реал се предомисли. Прво кажаа дека ќе го пуштат и дека ќе мора само на него да му платиме, а потоа дека мора и трансферот да го платиме. Знам дека трансферот беше 90 проценти договорен, но потоа се променија работите“, објаснува тренерот на Џиангсу.