Маркиф Морис потпиша за ЛА Лејкерс

Искусниот кошаркар Маркиф Морис официјално потпиша договор со ЛА Лејкерс.

Лејкерс го отпуштија Демаркус Казинс пред неколку дена кој беше повреден пред почетокот на сезоната и беше јасно дека нема да го гледаме на теренот оваа година.

Иако првично имаа трпеливост со него, на крајот беше решено дека е најдобро Казинс да го напушти клубот. Лејкерс реагираше експресно, доведувајќи го Морис да го замени Казинс.

Лејкерс синоќа потврдија дека Морис се засилил на овој тим, и дека е договорена соработка до крајот на сезоната. Морис предходно играше во Детроит Пистонс, Феникс Санс, Вашингтон Возардс и Оклахома Сити Тандер.