УЕФА одби да го одложи мечот меѓу Интер и Лудогорец поради коронавирусот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Коронавирусот во претходните денови се појави во Италија, поради што се крена голема паника во државата.

Појавата на коронавирусот влијаеше и на спортските натпреварувања, а минатиот викенд беа одложени голем дел од натпреварите во Серија А.

Исто така, се шпекулираше дека дуелот меѓу Интер и Лудогорец во Лига Европа ќе се одложи, но италијанските медиуми пишуваат дека УЕФА порачала дека мечот мора да се одигра поради самото натпреварување, па тоа најверојатно ќе се случи пред празни трибини на стадионот „Џузепе Меаца“.

Интер во првиот меч против Лудогорец славеше со 2-0 и веќе со една нога е во осминафинале на европското натпреварување.