Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид во недела на домашен терен ќе играат против лутиот ривал Барселона во рамки на 26. коло од шпанската Ла Лига.
Второто „Ел Класико“ сезонава сигурно ќе понуди возбудлив фудбал, зашто Реал и Барселона водат голема битка за првото место на табелата.
Зинедин Зидан нема да може да смета на Еден Азар во дуелот, а шпанските медиуми објавија дека би можелда остане и без капитенот Серхио Рамос.
Рамос се наоѓа под истрага поради неговото однесување во мечот против Леванте, кога „кралевите“ беа поразени со 0-1, а дефанзивецот беше бесен поради некои одлуки на главниот судија, па го опцул, а тоа нема да му биде простено.