Винисиус: Се суди на наше штета, тоа секогаш ќе биде така


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Додека многумина ќе кажат дека големите клубови како Барселона, Реал Мадрид или Јувентус често имаат некаква заштита од судиите, Винисиус Јуниор смета дека арбитрите секогаш судат „против“ кралскиот клуб.

Синоќа Манчестер Сити го победи Реал на Сантијаго Бернабеу по пресвртот, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Конечниот резултат беше 1:2, а многу полемики предизвика еден момент пред голот на Сити од 1-1. Многумина веруваат дека Габриел Хесус направи прекршок над Рамос пред да постигне гол.

Офанзивецот Винисиус Јуниор го дели истото мислење.

“Ние не паднавме физички … Габриел Хесус фаулираше пред првиот гол. Сите го знаат тоа. Слично нешто се случи во првото полувреме со мене и Марез, а потоа беше фаул”, изјави младиот фудбалер на Реал Мадрид по натпреварот и продолжи:

“Судијата има ВАР, но тој воопшто не сакаше да го гледа видеото. На теренот видов фаул. Не морав повторно да ја гледам таа ситуација во соблекувалната.”

Бразилецот, сепак, смета дека ова не е изолиран случај, затоа што судиите постојано донесуваат одлуки на штета на Реал.

“Тие секогаш не третираат така. На натпреварот против Леванте, жолт картон за Рамос поради први фаул во мечот… Дали тие носат лоши одлуки против нас? Да. Ние сме тимот со најмногу трофеи во Лигата на шампионите и национални титули. Секогаш ќе биде така. “, истакна Винисиус.