Собира трофеи, ама и црвени кратони: Серхио Рамос пак испиша историја и ги стигна Златан и Давидс! (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Можеби досега во кариерата освои четири трофеи во Лигата на шампиони, а исто толку и во Ла Лига, како и многу други титули, но Серхио Рамос во исто време е колекционер и на најголем број црвени картони.

Секако, синоќешниот пораз од Сити во Мадрид во Лигата на шампиони го одбележа, откако беше исклучен во 86. минута, откако во контра го турна Габриел Жесус, а тоа му беше дури 26. Црвен картон во кариерата. Во ЛШ ова му беше четврто исклучување, па се израмни со Едгар Давидс и Златан Ибрахимовиќ, кои беа по четири пати исклучени во елитното натпреварување.