До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус и Интер утре требаше да го играат дербито за Скудетото во италијанската Серија А, но такво нешто нема да се случи бидејќи тој и уште неколку натпревари беа одложени поради коронавирусот.
Управата на Серија А реши да се одложат сите натпревари кои во ова коло требаше да се играат пред празни трибини, а тоа ќе се случи и со дербито меѓу Јувентус и Интер, кое требаше да се игра во недела од 20.45 часот.
Покрај ова гостување одложени се уште и натпреварите Удинезе – Фиорентина, Милан – Џенова, Парма – СПАЛ и Сасуоло – Бреша.
Исто така, уште сега е познато дека натпреварот дополнително ќе се одигра на 13 мај, односно на крајот на сезоната, па би можело да биде интересно затоа што двата тима се борат за титулата.















