Се случи и тоа: Ливерпул конечно загуби, Вотфорд со три „парчиња“ го почести тимот на Клоп (Видео)

Јирген Клоп одеше да сруши уште неколку рекорди до крајот на оваа сезона, меѓутоа на патот денеска им се испречи тимот на Вотфорд.

Избраниците на Најџел Пирсон демонстрираа сила и со убедливи 3:0 го совладаа тимот кој досега оваа сезона немаше грешка и победуваше на сите натпревари, освен на оној на „Олд Трафорд“ кога ремизираше со Манчестер Јунајтед.

Исмаила Сар постигна два гола во мрежата на Алисон, а еден постигна капитенот Трој Дини за вистинска сензација на „Викариџ Роуд“.

По овој пораз, тимот на Арсенал од 2003/04 останува единствениот кој титулата ја освоил без ниту еден пораз во сезоната.