Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) почна истрага против Ерик Даер, кој тргна да се пресмета со навивачите на трибините.
Фудбалерот на лондонскиот тим се качи на трибините по поразот на Тотенхем во осминафиналето од ФА-купот од Норич по пенали.
Даер реши да се пресмета со еден од навивачите, зашто не можеше да издржи повеќе да биде навредуван од негова страна.
Од ФА соопштија дека е почната истрага поради инцидентот, а детали засега не се објави, па се очекува наскоро да биде објавено дали Даер ќе добие казна.
Англиските медиуми очекуваат 26-годишниот фудбалер да добие казна и од клубот, иако тренерот Жозе Мурињо кажа дека не би поддржал таква одлука.