Голем пресврт во ситуацијата со Жиру, Французинот сега сака да остане во Челси


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Оливие Жиру долго време се поврзуваше со трансфер во редовите на Интер.

Сепак, тоа не се реализира, па тој остана да ги троши последните шест месеци од  неговиот договор со Челси.

Сега беше запрашан дали би сакал да ја продолжи соработката со тимот од „Стемфорд Бриџ“ во моментите кога конечно почна да добива шанса од Френк Лампард.

„Да. Да. Секако дека би останал. Имам уште неколку месеци од договорот, имам уште многу натпревари за победување и можеби уште некој трофеј за освојување, а потоа, знаете, мислам дека имам уште две-три добри сезони предмене. Не е време да зборувам за договорот и се, но ќе донесам правилна одлука. Зад мене е тежок период, зборував со менаџерот и верувам дека кажа дека ќе добијам шанса. Трансфер периодот е зад мене, јас сум играч на Челси, среќен сум овде и тоа е најважно“ –изјави Жиру.