ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Голманот на Манчестер Јунајтед кој во моментов настапува како позајмен вор едовите на Буртон, Кјеран Охара доби суспензија од шест натпревари поради тоа што гризнал противник.
Охара го гризнал фудбалерот на Петерборо Сами Шмодич во минатонеделниот натпревар кој заврши без победник, 1:1.
Од ФА официјално излегоа со соопштение дека Охара добива шест натпревари забрана за играње и плус ќе биде казнетсо 2.500 фунти.
„Независната регулаторна комисија го суспендираше Кјеран Охара на шест натпревари со моментален ефект и го казни со 2500 фунти затоа што ги прекрши правилата на ФА“- стошее во соопштението од ФА.