Перез добил неочекуван повик од Роналдо пред десетина денови


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо минатата недела на „Сантијаго Бернабеу“ го следеше дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона (2-0), а многумина беа изненадени што Португалецот реши да се врати во Шпанија.

Роналдо предизвика воодушевување кај навивачите кога се појави на трибините на „Бернабеу“, па доби и голем аплауз. Но, на навивачите на Јувентус тоа не им се допадна.

„Марка“ утринава објави дека претседателот на шпанскиот гигант пред повеќе од седум дена добил повик од Порутугалецот, кој покажал интерес да дојде во Мадрид за првпат откако во 2018 година се пресели во Јувентус.

Перез му порачал дека има место во ВИП-ложата, но Роналдо го одбил тоа и побарал место, каде што ќе биде поблиску до навивачите.