Фудбалер почина сред натпревар: Падна на теренот, а Брзата помош не можеше да тргне, па ја туркаа! (ВИДЕО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Нигерискиот фудбалер Чинеми Мартинес почина за време на меч во нигериската лига меѓу Насарава јунајтед и Катсина.

Мартинс колабирал на теренот, по што влегла медицинската екипа, која реагирала. Меѓутоа, веднаш станало јасно дека несреќното момче мора да биде испратено во болница.

Сепак, во тој момент се случило најлошото, односно фудбалерот го ставиле во возилото на Брзата помош, а тоа не можело да тргне, по што влегле и редарите на теренот, кои почнале да го туркаат возилото.