До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на скочниот зглоб.
Тореира се повреди минатиот понеделник во победата против Портсмут со 2-0 и го напушти стадионот на патерици. На прегледите беше потврдена скршеница, што начи и пауза до десет недели.
Тоа е само уште една повреда во Арсенал, па на гостување во среда кај Сити одат без Чејмберс, Колашинац, Соареш, а не е познато дали ќе настапи ниту Шкодран Мустафи.
Со победата против Вест хем, Арсенал стигна на осум бодови помалку од четвртопласираниот Челси.















