Реваншот во Лигата на шампионите може да не се одигра поради недопатување на екипа?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


УЕФА се соочува со големи проблеми во организирањето на натпреварите од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Некои натпревари ќе се играат без навивачи, додека ќе се бара нов стадион за дуелот Базел и Ајнтрахт.

Откако италијанската влада вчера ги „затвори“ Апенините и го ограничи движењето, италијански Спорт ја објави можноста да не се игра натпреварот Барселона – Наполи.

Следната недела тој треба да се одигра на Ноу Камп во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите и сè уште не е сигурно дека на фудбалерите на гостинскиот тим ќе им биде дозволено да патуваат.

Сепак, бидејќи само домашните натпревари се паузирани, на тимовите треба да им се овозможи да продолжат да се натпреваруваат на меѓународно ниво.

Сигурно дека УЕФА се праша за нешто. Тешко е да се поверува дека таквата сериозна фудбалска организација ќе овозможи тим да биде спречен да се бори на зелениот терен.

За потсетување, Швајцарците веќе забранија реванш меѓу Базел и Ајнтрахт следниот четврток, па УЕФА ќе мора да бара друго решение.