Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Денеска беа одиграни два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите по кои Ред Бул Салцбург и Аталанта се првите патници во четвртфиналето.
Салцбург со убедливи 3:0 славеше против тимот на Тотенхем и со вкупен резултат од 4:0 се пласираше во следната фаза.
Избраниците на Жозе Мурињо беа тотално немоќни на гостувањето во Германија, а Сабицер им ја загорчи судбината по само 22 минути. Конечниот резултат го постави Емил Форсберг кој постигна погодок по неговиот прв контакт со топката.
Јосип Иличиќ имаше феноменална вечер на празната „Месталја“ постигнувајќи четири погодоци во победата на Аталанта над Валенсија со 4:3.