Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбал во Италија нема да се игра до трети април, откако италијанската Влада и Олимпискиот комитет поради епидемијата на коронавирусот ги суспендираа сите натпреварувања во државата.
Како едно од можните решенија за завршување на Серија А се споменува и плејоф за шампионот и опстанок во Серија А.
Во полуфинале би се играл по еден меч. првопласираниот Јувентус ќе игра со Аталанта, а Лацио ќе се пресмета со Интер.
Победниците би играле во финале, а уште не е познато дали тоа ќе се игра на неутрален терен или би се играл двомеч.
Во разигрувањето за опстанок ќе играат Џенова – Бреша и Лече – СПАЛ, па би се играло на сличен начин како за шампион.