Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
НБА-лигата донесе одлука да ја прекине сезоната, откако беше откриено дека центарот на Јута џез Руди Гобер е позитивен на коронавирус .
Управата на најсилната кошаркарска лига во светот веднаш реши да ја прекине сезоната, а играчите на Јута Џез и тимовите кои играа против Гобер во претходниот период беа ставени во карантин.
До крајот на регуларната сезона остануваат 259 натпревари и засега е непознато дали ќе се одиграат или сезоната ќе заврши според сегашниот статус.
„Се верува дека сезоната ќе продолжи, но распоредот сигурно ќе биде скратен“; изјави известувачот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Засега нема информации за колку време ќе трае паузата. Со оглед на тоа дека станува збор за пандемичен вирус нема преголем оптимизам за продолжување на сезоната и доколку работите се влошат, таа сигурно нема да продолжи.
Она што е сигурно е дека НБА-лигата ќе биде на пауза најмалку две недели. Процесот на инкубација и карантин трае толку долго, но многу е веројатно дека прекинот ќе трае подолго.
Во овој период, тимовите веројатно нема да тренираат. Едноставно е премногу опасно да се одржи каква било активност, особено во тимови кои играа против Јута џез во претходниот период.
Тимот на Солт Лејк Сити во изминатите две недели одигра шест натпревари, со исклучок на Торонто, чии играчи се веќе во карантин, настапувајќи против Детроит, Бостон, Њујорк, Кливленд и Вашингтон.
Повеќе информации за евентуално продолжување на сезоната и, во најлош случај, прекинување на комплетното натпреварување во најсилната лига во светот, НБА-лигата ќе има денес.
NBA To Suspend Season Following Tonight's Games pic.twitter.com/2PTx2fkLlW
— NBA (@NBA) March 12, 2020