Коронавирусот ја нападна кошарката: Евролигата ќе го прекина натпреварувањето?! (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


По НБА-лигата и раководството на Евролигата е блиску до одлука да го прекине натпреварувањето. Раководството на организацијата ќе донесе одлука во текот на денот, а се претпоставува дека ќе ги почитуваат препораките.

Евролигата планира да ги следи препораките од Светската здравствена организација (СЗО), која прогласи пандемија во светот.

„Откако СЗО прогласи пандемија на коронавирусот, Евролигата со клубовите ќе разговара за привремен прекин на Евролигата, Еврокупот и младинските натпреварувања“, соопштија од организацијата.