Над 120 лица од Јувентус се во самоизолација


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од таборот на Јувентус потврдија дека 121 лице од клубот е во самоизолација, а меѓу нив се сите играчи, директорите, членовите на стручниот штаб…

Сите од клубот во Торино заминале во самоизолација по објавата дека Даниеле Ругани е позитивен на коронавирусот.

По Ругани, објавено беше дека и Маноло Габијадини од Сампдорија боледува од коронавирус.

„По вчерашните вести за позитивниот тест на Ругани, 121 лице вклучувајќи ги играчите, членовите на стручниот штаб, директорите, придружбата и останатите вработени во клубот се одлучија на доброволна самоизолација“ –стои во официјалното соопштение на клубот.