Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јута Џез пред неколку дена потврди дека Руди Гобер е позитивен на коронавирус, а тој на крајот зарази уште еден негов соиграч.
Гобер претходно се шегуваше со случувањата околу коронавирусот, а на крајот како карма му се врати тоа и кошаркарот се зарази. Со своето однесување ги загрози и останатите соиграчи, а само еден ден подоцна беше објавено дека и Донован Мичел е позитивен на тестот.
Францускиот кошаркар се извини поради глупавото однесување и порача дека едноставно не знаел за вирусот, но американските медиуми сега објавија дека тој заразил и едно детенце, кое побарало автограм од него.
Останатите кошаркари на Јута ги немаат симптомите на вирусот, но мерките за претпазливост се на сила во моментов и тие се во изолација.