Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Бразилската ѕвезда Нејмар најверојатно на лето ќе замине од ПСЖ каде што пристигна во 2017 година и стана најскап фудбалер во светот. Парижаните тогаш платија 222 милиони евра за неговите услуги, но три години подоцна време е за разделба.
„ЕСПН“ тврди дека спортскиот директор Леонардо дозволил преговори меѓу Нејмар и Барселона и Бразилецот од следната сезона најверојатно ќе го оси дресот на каталонскиот гигант.
Поставена е цена од 150 милиони евра, која би можела да ја плати Барселона, а од друга страна Килијан Мбапе ќе остане во ПСЖ, иако се шпекулираше дека би можел да го напушти клубот.
Нејмар во претходните три сезони одигра 80 натпревари и постигна 69 голови за ПСЖ.