Зидан бара нов напаѓач: Реал Мадрид купува голгетер од Вулверхемптон

Лука Јовиќ ќе биде продаден од страна на Реал Мадрид во следниот преоден рок затоа што Србинот целосно разочара.

Јовиќ не се прослави во шпанскиот гигант, а очигледно Зинедин Зидан нема намера повеќе да го користи.

Англиските медиуми објавија дека Зидан пронашол нов напаѓач за својот тим, а станува збор за Раул Хименез од Вулверхемптон.

Хименез има одлична статистика во премиерлигашот откако постигна 22 гола, а во прилог му оди и тоа што е поинаков тип на напаѓач од Карим Бензема, кој во моментов е прв избор во нападот на Реал Мадрид.