Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијански доктор од Бергамо, Фабиано Ди Марко откри чудни детали и кажа дека мечот во Лигата на шампиони направила најголема штета на населението во неговиот град.
Пандемијата на коронавирусот почна на 21 февруари и Ди Марко смета дека во Италија не биле подготвени за тоа што следи.
„Знаев дека се подготвува катастрофа на први март. Во собата за итни случаи видов нешто што нема никогаш да го заборавам. Тоа беше војна, немам друга дефиниција. Пациентите беа насекаде со воспаление на бели дробови, се бореа за здив. Сите простории беа полни, а ние за 24 часа потрошивме 5.000 маски. Владееше голема паника“, вели Ди Марко.
Според негово мислење вирусот почнал да се шири по мечот Аталанта – Валенсија.
„Слушнав многу теории за тоа, а јас ќе ви кажам што мислам. Тоа беше 19 февруари, а 40.000 жители на Бергамо беа на стадионот. Заминаа со автобуси, автомобили, возови.. Тоа беше биолошка бомба, за жал“, изјави Ди Марко.