Почна кратењето на плати во НБА: Вработените во Филаделфија ќе земаат 20 проценти помалку!

Сопствениците на Филаделфија решија на сите вработени да им ги намалат платите за 20 проценти во ек на коронавирусот.

Ваква одлука се очекуваше затоа што НБА-лигата испрати меморандум до сите екипи, само беше прашање на време кој газда прв ќе повлече потег.

„Свесни сме за влијанието на вирусот врз нашата организација и индустрија. За да може да организираме непречено продолжение на работата во ова несигурно време без намалување на работна сила, мора на вработените да им ја намалиме платата за 20 проценти и работното време да го намалиме на четири дена неделно“, соопшти генералниот директор Скот О’Нил.

НБА поради вирусот беше прекината, а засега не е познато кога би продолжила.