Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судбината сурово си поигра со Аталанта и Валенсија во Лигат ана шампиони, а коронавирусот се проширил токму на мечот на овие две екипи, барем според тврдењата на неколку италијански експерти.
Северот на Италија го преживеа најсилниот удар на коронавирусот, а дури 35 проценти од екипата на Валенсија се заразени и набрзо по тој меч на никого повеќе не му беше до фудбал.
Сите сметаат дека грешката е тоа што се играл натпреварот пред 40.000 луѓе, а на интернет се појави и потсетување на неверојатниот сплет на околности.
Тоа почна со мечот на „Максимир“ каде што Динамо Загреб имаше водство од 3-1 до 93 минута, што значеше и елиминација на Аталанта, но веднашпотоа тие примија два гола од Шахтер (3-3).
Посебно е бизарен второт гол во судиското надополнување за 3-3, кога судијата Феликс Брих досуди пенал за гостите и тоа по интервенција на ВАР-технологијата.
Доколку победеше Динамо, тогаш Аталанта немаше да оди во нокаут-фазата и ќе беше избегнат дуелот против Валенсија, а можеби и ширењето на вирусот.
„Неколку големи настани го предизвикаа ширењето на вирусот, а еден од нив е мечот меѓу Аталанта и Валенсија. Тоа беше врв на колективна еуфорија, се собраа илјадници навивачи кои беа еден до друг на неколку сантиметри. Тие се прегрнуваа, викаа… Тоа придонесе во ширењето на вирусот“, кажа д-р Франческо Ле Фоке.