Милан посакува фудбалер на Баерн Минхен


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Од редовите на Милан се заинтересирани во своите редови да донесат фудбалер на Баерн Минхен.

„Росонерите“ се заинтересирани за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Микаел Куизенс.

Баерн го купи младиот француски фудбалер од Борусија Мехенгладбах за сума од 12 милиони евра минатото лето, меѓутоа оваа сезона има само три настапи во тимот и голема е веројатноста да си оди по крајот на оваа сезона.

Од Милан сигурно ќе си одат Лукас Биља и Џакомо Бонавентура, а се верува дека Франк Кеси и Лукас Пакета ќе го анпуштат клубот, па токму затоа Куизенс ќе биде од голема помош во средината на теренот.