Главоболки за Гвардиола: Клубовите се договориле, но фудбалерот одбил трансфер!

Германските медиуми пишуваат дека Манчестер сити се согласил на размена со Баерн Минхен, поточно Алаба требало да биде дел од преселбата на Сане во германскиот гигант.

Причината е јасна зошто Гвардиола го сака Алаба. Тој може да игра и како лев бек и како стопер, иако во австриската репрезентација игра во средниот ред.

Меѓутоа, проблемот е во фудбалерот на Баварците. Тој го ангажирал Пини Захави затоа што сака да замине од Минхен, но не во Премиерлига, туку во Шпанија.

Барселона и Реал Мадрид го сакаат Алаба и тој верува дека Захави ќе му помогне да направи трансфер во Шпанија следното лето.