Фјури и Вајлдер повторно ќе се борат: Познат датумот на третата епизода од боксерскиот спектакл!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американецот Деонтај Вајлдер и Британецот Тајсон Фјури повторно ќе се борат. Третиот меч меѓу двајцата големи шампиони ќе се одржи на трети октомври во Лас Вегас, а Фјури овој пат ќе ја брани титулата во ВБЦ.

Вајлдер од самиот пораз барал начин како да му се реваншира на Фјури и се шпекулира дека третата борба ќебиде на лето, но таа е одложена поради коронавирусот.

Ковид-19 би можел да влијае и на спектаклот во октомври, но сите претпоставки се дека дотогаш ќе биде победен опасниот вирус.

Фјури го победи Вајлдер со технички нокаут во седмата рунда, кога неговиот тренер мораше да го фрли пешкирот во рингот.

Американецот на 23 февруари го доживеа првиот пораз во професионалната кариера, додека во првиот дуел меѓу него и Фјури, во декември 2018 година беше нерешено.