Интер посакува играч на Барселона


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


„Калчомеркато“ пишува дека Интер дефинитивно ќе тргне по услугите на Артуро Видал од Барселона.

Видал и минатата сезона беше трансфер цел на Интер, меѓутоа тогаш до трансфер не дојде. Сепак сега кога играчот и оваа година не добива многу шанса за настап пореална е можноста тој да се пресели на „Меаца“.

Во спротивен правец би можел да се пресели Лаутаро Мартинез кој се поврзува со Барселона веќе неклку месеци. Аргентинецот е проценет на околу 100 милиони евра, а Видал на околу 20 милиони евра што значи дека „каталонците“ ќе мора да искешираат плус 80 милиони евра за да го обезбедат потписот на Видал.