Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена беше потврдено дека легендарниот турски голман Рушту Реџбер е коронавирус позитивен.
Неговата сопруга потврди дека Рушту е во болницата и дека резултатите се за жал позитивни. Тој одеднаш имал неколку симптоми на коронавирус, по што неговата сопруга веднаш отишла кај лекарите бидејќи знаела дека нешто не е во ред.
Турските медиуми утрово јавуваат дека легендарниот 46-годишен голман не е во добра форма и се бори за неговиот живот. Рушту беше пренесен во болница пред два дена, а неговата состојба се влоши.
„Сите сме шокирани од тоа колку брзо се развиваат симптомите на коронавирус“, рече неговата сопруга Исил Реџбер која е во голем шок бидејќи е обвинета дека го заразила сопругот.
Поточно, медиумите во Турција известуваат дека таа неодамна се врати од Соединетите Американски Држави и не ја почитуваше 14-дневната изолација. Веднаш отишла во нејзиниот салон за убавина и покрај Рушту заразила уште многу.
„Навистина не ми е грижа за овој линч против мене. Најважно е сега Рушту да се опорави“, рече сопругата на легендарниот голман.