Санчо на Инстаграм „потврди“ дека се сели во Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џејдон Санчо на крајот на оваа сезона ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Пред три години, како тинејџер, Санчо пристигна во германскиот клуб од Манчестер Сити за само осум милиони евра, а во претходните сезони ја воодушеви јавноста со своите натпревари во дресот на Дортмунд.

Многу клубови покажаа интерес за овој репрезентативец на Англија, но неговата желба е да се врати во Англија. Санчо се поврзува со Челси и Ливерпул, но тој се чини дека е најблиску до Манчестер Јунајтед.

Интересната работа се случи синоќа додека Санчо се уклучи во живо на Инстаграм. Имено, еден од неговите обожаватели му напишал да се напие вода ако заминува во Јунајтед, а на изненадување на сите тој го сториле тоа.

Но, дали ова е потврда дека тој ќе ја продолжи кариерата во дресот на „црвените ѓаволи“ или дали тој едноставно се шегува, останува да се види кога ќе започне летниот преоден рок.