Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Ракитиќ наскоро би можел да ја напушти Барселона.
Барселона е подготвена да продаде искусниот играч од средниот ред. Тие поставија цена од 20 милиони евра за неговите услуги и тие пари не треба да бидат проблем за тимот на Севилја со кого најмногу се поврзува.
Ракитиќ е поврзуван со Манчестер Јунајтед покрај Севилја, но многу поизвесно е дека тој ќе остане во Шпанија на крајот.
32-годишниот фудбалер токму од Севилја пристигна во Барселона во 2014. година, и тој освои сè што може на Ноу Камп.
Тој вчера за РТЛ изјави дека ја следи состојбата во светот и дека смета дека целокупната состојба во Шпанија ќе трае.
Тој откри и со кој играч би сакал да помине во карантин време и со кој не би сакал.
„Со Тер Штеген можам, најмногу од сите се слушаме. Кој би било најлошо? Со Видал“.