„Позади нападот стои Торцида“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потпретседателот на Комисијата за безбедност на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) Крешемир Антолиќ рече денеска дека се досега познати факти укажува на тоа дека инцидентите на натпреварот против Чешка на ЕП ги предизвикале припадниците на навивачката група „Торцида“.

„Многу од тоа зборува дека предводник и организатор била Торцида. Зборуваат сите факти дека токму тие тоа го направиле“, рече Антолиќ и додаде дека на петочниот натпревар прв пат се случио за „вистинските навивачи да се кренат против хулиганите“ и дека поради тоа дошло до физички пресметки на  трибините.

„Очигледно дека граѓаните ја изгубиле вербата во хрватските институции. Но, таквите работи треба да ги решава државата, не навивачите“, рече Антолиќ.

Фудбалерите на Хрватска и Чешка одиграа во петокот нерешно 2:2 во натпревар од 2 коло на група Д на ЕП. Мечот беше прекинат во самата завршница поради бакли и фрлање на пиротехнички средтва на хрватските навивачи на терен.

Комесарот за безбедност на ХНС Мирослав Марковиќ рече денеска дека хрватскиот сојуз на 14 јуни своите сознанија за можните нереди ги сподели со хрватската полиција, а дека ден подоцна за се е информирана УЕФА и француската полиција. На ден на натпреварот, како што е наведено, известен е и делегатот на УЕФА.

„Ги предупредивме дека во 85 минута ќе пробаат да го прекинат натпреварот. Видовме дека француската специјална полиција во 82 минута направи кордон околу нашите навивачи. Да не беа тие ќе беше полоша ситуацијата и денеска ќе зборувавме за прекин натпреварот и победа на Чешка од 3:0“,рече Марковиќ.

На прашањето дали се познати имињата на демонстантите, Марковиќ рече: “На ова прашање подобар одговор може да даде полицијата“.

Новинарите ги интересираше како е можно да се случи инцидент после сите предупредувања:

„ХНС нема алати, тоа може единствено да го реши полицијата и правосудството. Имавме еден од најискусните припадници на безбедносните сили во Европа, а тој рече никогаш не видел така добро подготовка за натпреварот“, рече Антолиќ.

Без објаснувања остана на прашањето како е можно во моментите кога над Франција има нова терористичка закана,  навивачите на стадионот внесле толку пиротехника.

Странските новинари ги интересираше причината за хулиганските испади на натпреварот против Чешка.

„Тие зборуваат дека се борат против ХНС, но ХНС е легална институција. Тоа е не легитимно, ни рационално. Ова има обележје на тероризам. Напад на репрезентација и напад на држава“, рече Антолиќ.